ФК Вардар е традиција во семејството Најдоски како и легендарниот татко Илија во минатото така и денес младиот одбранбен играч Дино Најдоски го носи црвено-црниот дрес. Во изјава за нашиот сајт младиот Вардаров фудбалер за ова вели :
– Вардар за мене преставува најпознато и најдобро нешто во Македонскиот спорт . Мојот татко има настапувано за Вардар ете и јас сега сум дел од Вардар и ја имам таа чест да настапувам во најтрофејниот македонски клуб , со кој верувам ќе освојам многу титули и ќе бележам одлични настапи во Европа.
Од Дино побаравме оценка за настапите на ФК Вардар во досегашниот дел од шампионатот во првата Македонска фудбалска лига , и негово очекување за неделното дерби помеѓу Вардар и најголемиот спортски ривал во Македонскиот фудбал тимот на Битолски Пелистер .
Најважно е што победуваме во ПМФЛ досега имаме 3 победи од 3 меча ,играта секогаш може да биде подобра и јас сум уверен дека Вардар е кадарен на секој меч да ја подобрува играта и на крајот да дојдеме до посакуваната цел –Шампионскиот трофеј .Од дербито на Македонија во недела очекувам добар и коректен натпревар во кој што ќе уживаат сите оние кој што ќе дојдат на Арената Филип Втори и секако победа на ФК Вардар. Еден од клучните фактори на добрата игра е подршката од навивачите , јас се надевам дека нашите навивачи Комити ќе дојдат да не подржат и да ни дадат уште еден мотив плус како што било и на претходните натпревари , нормално ние со добра игра и со победа да се одолжиме .
Михајло Тушевски