ФК Вардар со јавен проглас до својата широка навивачка публика да дадат поддршка на Црвено-Црните фудбалери за неделното дерби на Арената Филип Втори Македонски :
Бидете и вие дел од дванаесетиот играч на Вардар во недела на дербито со Пелистер. Бидете дел од публиката, дајте ја поддршката на „црвено-црните“ да стигнат до нов триумф, до нова радост која ќе ја споделат со најверните навивачи.
„Комити“, „Лојал Фанс“ и сите други кои го носите Вардар во срцето обединетете се сите заедно да бидете на трибините и да пеете, да уживате во натпреварот. Апелираме на фер и коректно навивање. Само така можеме да дојдеме до посакуваната цел. И вие со тимот заедно да славите по завршувањето на сезоната.
Момците тренираат напорно за да се покажат во светло издание. Да ги оправдаат очекувањата на сите нас кои искрено го сакаме Вардар. Ќе дадат се од себе за нова победа, за уште една радост пред верната публика, и она што е најважно на крајот да ја оствариме целта која сите ја посакуваме.
Во спортот не е се така бело како што посакуваме да биде. Некогаш кога е тешко поддршката е таа секогаш која дава крила и мотив да се даде се од себе и да се постигне гол, да се стрела во противничката мрежа, што е предуслов да се добијат трите бода.
Вечното дерби е доволен мотив да ве привлече да дојдете на трибините на „Филип Втори“. Националната Арена нека биде што повеќе полна. Тоа го посакуваме сите ние во Вардар, а ќе вратиме со давање максимум да стигнеме до нов триумф против Пелистер, до нови три бода со кои ќе останеме на врвот, онаму каде што ни е местото.
За Вардар се живее!