Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Одиме утре сите на стадион со поддршка за Вардар!

Одиме утре сите на стадион со поддршка за Вардар!

Утре нашиот Вардар го игра натпреварот од првото коло во новата плеј-оф лига. Ова ќе биде прво, од клучните пет во борба за титулата со главниот конкурент за титулата Работнички.
Утре нашиот тим ќе го пречека младиот и талентиран тим на Металург, кој пред еден месец ни зададе многу потешкотии, кој го добивме, но се помачивме.

Со оглед на фактот што Работнички денеска славеше победа, ни се доближи на -3 бода, па затоа нашите момци утре треба да покажат караткер на една шампионска екипа, и конечно да одиграат еден квалитетен меч оваа пролет.
Натпреварот ќе се одигра од 18 часот, билети за натпреварот на билетарата пред Северната трибина по цена од 100 денари. Дојдете да го бодриме Вардар во походот кон нова титула во својата историја!
Доколку победиме ќе бидеме на еден меч до титула.
Напред ВАРДАР,сите на стадион, за ВАРДАР!
Фото: fkvardar.mk