Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Убедлива победа за пионерите на Рк Вардар,во предпоследното коло

Убедлива победа за пионерите на Рк Вардар,во предпоследното коло

Пред околу 50-тина гледачи во С.Р.Ц. Кале пионерската екипа на Вардар забележа убедлива победа против екипата на Рк Шампион. Конечниот резултат гласеше 14:23. Уште по првото полувреме имавме солидна предност, кога на противникот му дозволивме да постигне само шест голови. На пауза се замина со резултат 6:11.

И во второто полувреме, избраниците на Горан Стојков продолжија со силно темпо на игра. Предноста до крајот на мечот растеше, за на крајот да достигне позитива од девет голови. Најефикасни кај црвено-црните беа Александар Стојчевски со 6 и Благоја Антевски со 5 постигнати голови. Ова беше предпоследно меч за оваа категорија во првенството. Во последното коло играме со екипата на Илинден.

РК Вардар: Кизиќ, Петковски, Стојчевски 6, Николовски, Антевски 5, Босилковски 1, Овнарски 1, Јаховиќ, Крстевски 1, Мишевски 2, Давчев 1, Блажевски, Мицановски 4, Ангелковски, Чакалиќ 2, Тевдовски.