Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > На два чекора до насловот..
На два чекора до насловот..

На два чекора до насловот..

Нашиот ФК Вардар е на само два чекора од шампионската титула. По победата над главниот конкурент Работнички нашиот тим се одлепи на +6 бодови, и теоретски уште во среда може да ја обезбеди титулата.
Утре нашиот тим игра натпревар против Металург, на Арената Филип II од 18 часот, ова ќе биде клучниот еден од двата натпревари што му престојат на Вардар за да запиште нова титула, по пауза од една години.

Денеска пак главниот конкурент Работнички треба да има лесна задача против кратовски Силекс во 16 часот.
Додека пак во среда може да биде одлучувачки натпревар за овогодинешната титула. Доколку нашите момци ја повторат реализација од пред некој ден со Работнички, можеме со сигурност да се надеваме на позитивен резултат и утре, и во среда, па сите заедно во среда на нашиот стадион да славиме нова титула на ФК ВАРДАР!

Одиме чекор по чекор, утре сите на стадион!
ФК ВАРДАР – ФК Металург 18:00
Фото: fkvardar.mk