Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Блажевски за Вардарфанс: Утре одиме на победа, но максимално сконцентрирани треба да влеземе во мечот
Блажевски за Вардарфанс: Утре одиме на победа, но максимално сконцентрирани треба да влеземе во мечот

Блажевски за Вардарфанс: Утре одиме на победа, но максимално сконцентрирани треба да влеземе во мечот

Денеска по големата зимска пауза и речиси три месеца без прволигашки фудбал стартува ПМФЛ. Вардар утре го игра својот натпревар на домашен терен каде ја пречекува екипата на ФК Ренова од Џепчиште. Мечот со тетовчани е закажан со почеток во 14-00 часот.  Видување од подготовките во Анталија и видувања за утрешниот натпревар, за Вардар фанс ни даде нашиот играч Дејан Блажевски.

Подготовките поминаа супер, имавме премногу добри услови.  Навистина премногу сме задоволни од теренот на кои трениравме и ги игравме пријателските тест-дуели. Натпреварите ги одигравме на високо ниво, со доста добри противници, ние немавме пораз што покажа колку квалитетна екипа сме и колку добро сме подготвени.

Дејан Блажевски ни даде своја оценка за утрешниот дуел со тетовскиот прволигаш  Ренова и ги сподели со нас неговите очекувања за пролетниот дел од македонската фудбалска прволигашка конкуренција:

 Утре не очекува дуел со Ренова од Тетово една од поквалитетните екипи вo македонската фудбалска лига, не смееме да ги потцениме ако сакаме да го добиеме овој дуел. Ние секако одиме на победа и тоа ќе го оствариме утре, само и само ако влеземе максимално мотивирано и без потценување. Оваа полусезона целта ние да го задржиме првото место кое го заслуживме според квалитетот кој го поседуваме и условите што ги имаме, а моментално ги нема ниедна екипа во земјата – изјави за нашиот сајт Блажевски.

Михајло Тушевски