Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Дејан Блажевски ја продолжува кариерата во екипата на Тирана
Дејан Блажевски ја продолжува кариерата во екипата на Тирана

Дејан Блажевски ја продолжува кариерата во екипата на Тирана

Довчерашниот играч на ФК Вардар, Дејан Блажевски во текот на утрешниот ден треба да биде претставен во новиот клуб, а тоа е екипата на Тирана од Албанија. Популарниот “Шиле“ кој е дете на Вардар одигра повеќе од 100 меча во црвено-црниот дрес и освои две титули со екипата на Вардар и беше дел од тимот кој обезбеди историски пласман во Лигата на Европа. Тој постигна и еден од трите дебитантски голови за црвено-црните во ова Европско натпреварување.

Откако не му беше продолжен договорот со Вардар, кој му истече ова лето, беше принуден на нова интернационална кариера. За Вардар во сезоната која помина постигна 8 голови во ПМФЛ.