Првиот меѓународен турнир на кој ќе настапи тимот на РК Вардар, ќе биде оној во Германија, “Хеиде Куп“, во периодот од 10-12-ти август. Како што претходно известивме се работи за силен турнир, на кој покрај Вардар, ќе нстапи и актуелниот Европски шампион, тимот на Монпелје, потоа Хамбург, Кристијанштад, Фуксе Берлин и Лајпциг. Организаторот на турнирот веќе го објави распоредот на одигрување натпревари на истиот. Според него, Вардар ќе отвори со екипата на Хамбург на 10-ти август, со почеток од 20:15 часот. Во зависност од исходот на овој дуел, ќе го добиме противникот во следниот ден. Во последниот ден ќе се одиграат натпреварите за пласман.
Вардар исто така ќе биде дел и од силен турнир, во Стразбур кој ќе биде силна проверка за формата на екипата, пред стартот на новата сезона.