Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Избраниците на Томче Трајановски “бркаат“ финале на турнирот во Сараево, утре одлучувачкиот натпревар против тимот на Марибор
Избраниците на Томче Трајановски “бркаат“ финале на турнирот во Сараево, утре одлучувачкиот натпревар против тимот на Марибор

Избраниците на Томче Трајановски “бркаат“ финале на турнирот во Сараево, утре одлучувачкиот натпревар против тимот на Марибор

Генерацијата на ФК Вардар родени “2001“ година се наоѓа на силен меѓународен турнир во Сараево, каде во конкуренција на осум екипи, се бори да стигне до големото финале на истиот.

Денес избраниците на Томче Трајановски во еден борбен натпревар одиграа без голови (0:0) против екипата на Железничар од БИХ. Со поделба на бодовите заврши и вториот натпревар во оваа група, на кој се сретнаа екипите на Војводина и Марибор (1:1). Екипата од Србија прва го отвори резултатот, но Марибор до крајот на мечот се избори за бод од овој дуел. После две одиграни кола, екипите на Вардар и Железничар го делат првото место со 4 освоени бодови, додека Марибор и Војводина имаат по 1, со што ги загубија шансите за евентуален пласман во големото финале. Утре со почеток од 12:30 часот, вардарци ги очекува последниот дуел во групата, а за противник го имаме тимот на Марибор. Потребна е победа, доколку сакаме да се пласираме во големото финале на турнирот. Секако тоа ќе зависи и од исходот на мечот, помеѓу Војводина и Железничар.

Неизвесно е и во другата група, во која првото и второто место се за екипите на Будуќност и Сараево, кои имаат по 4 освоени бодови, трет Осијек има 3, додека Краиова од Романија е без освоен бод. Актуелен освојувач на турнирот е токму домаќинот, тимот на Сараево. Ние се надеваме на добра игра на утрешниот меч за избраниците на Трајановски, кои имаат големи шанси да играат во големото финале.