Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > (ФОТО) Блесокот на пехарите “сведочи“ за одличната сезона на младинските екипи на ФК Вардар
(ФОТО) Блесокот на пехарите “сведочи“ за одличната сезона на младинските екипи на ФК Вардар

(ФОТО) Блесокот на пехарите “сведочи“ за одличната сезона на младинските екипи на ФК Вардар

Во текот на вчерашниот ден на академијата се одржа заедничко сликање на сите младински категории во фудбалскиот клуб Вардар, по повод завршување на уште една натпреварувачка сезона. Единстено недостасуваа младинците предводени од тренерот Љупчо Марковски. Беа прикажани и освоените трофеи за оваа сезона. Ние како медиум кои цела сезона бевме верна сенка на нивните натпревари, присуствувавме и на оваа завршна церемонија и заедничкото фотографирање.

Помладите пионери на Сашо Јанев иако не освоија трофеј, сепак мора да бидеме задоволни од нивната дебитанска сезона во првенството и купот. На крајот само еден бод помалку од екипата на Работнички, која стана шампион во оваа генерација. Дека игравме на врвно ниво говори фактот што за цела сезона имавме доживеано само еден пораз и дури 18 победи. Во есенскиот дел бевме на првото место на табелата со само еден примен погодок во својата мрежа на 11 одиграни натпревари.

vardarfans pomladi pioneri

Пионерите се наша најуспешна генерација за сезоната која измина. Избраниците на Сашо Тодоровски стигнаа до трофеите во првенството и купот и станаа единствените од сите младински категории кои успеаа да освојат двојна круна. Во пролетниот дел беа супериорни забележувајќи дури девет победи, еден нерешен резултат и само еден пораз и тоа оној во првото пролетно коло. Во финалето на купот бевме подобри од екипата на Милано. Дефинитивно одлична сезона за Вардаровите пионери.

vardarfans pioneri

Кадетите завршија на третото место во лигата, иако на четири кола до крајот беа во рамноправна борба со своите конкуренти за титулата. Тренерот Влатко Колев направи максиум од оваа генерација, со која се пласираше и во големото финале на купот. Таму само еден момент и погодок го одлучи победникот, а тоа беше тимот на А. Пандев.

vardarfans kadeti

Рековме денес недостасуваа младинците кои станаа шампиони во лигата. Имаа можност и за уште еден трофеј и тоа во националниот куп, кои за жал не успеаа да го освојат.

Следната сезона се надеваме дека ќе биде уште поуспешна со поголем број на освоени трофеи од двете натпреварувања.