Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Виктор Димков: Ние сме Вардар и секогаш треба да атакуваме на првото место
Виктор Димков: Ние сме Вардар и секогаш треба да атакуваме на првото место

Виктор Димков: Ние сме Вардар и секогаш треба да атакуваме на првото место

Заврши уште една сезона во првенството на младинските фудбалски категории. Младинците на ФК Вардар успеаа да стигнат до првенствената титула и да играат во финалето на националниот куп. Успешна сезона за нашите младинци, кои во пролетниот дел ја надоместијата негативата од два бода од есенскиот дел и со девет победи, еден нерешен резултат и само еден пораз и тоа оној во последното коло кое немаше значење, црвено-црните стигнаа до титулата во лигата. Еден од играчите кој игра се подобро од сезона во сезона е Виктор Димков, кој беше повикан и во првиот тим и е еден од најважните поединци за младинскиот состав.

-Една тешка сезона за целата екипа. Успеавме да стигнеме до титулата во првенството и да играме во финалето на националниот куп. Мислам дека заслужено станавме шампиони во лигата, со оглед дека во пролетниот дел забелажавме победи над сите директни конкуренти за трофејот. Да не беше оној нерешен резултат против Еуромилк, овој дел од сезоната ќе беше перфектен за нас и можеби порано ќе ја решевме титулата. Во финалето на купот видовме што се случи. тоа беше израмнет натпревар и двете екипи имаа свои шанси и прилики, но сепак А. Пандев беше тимот кој успеа да погоди во последните пет минути и да го освои ова натпреварување. Ние сме задоволни од сето она што го прикажавме во текот на целата сезона. Секако имаше мали осцилации и падови во нашата игра на поедини мечеви, но најважно е што на крајот првенството ни припадна нам. Ние сме Вардар и секогаш треба да атакуваме на првото место. За следната сезона се надевам дека ќе продолжиме да се натпреваруваме како младинци и ќе дадеме повторно се од себе да освоиме што повеќе трофеи.

Виктор Димков е еден од најдобрите играчи во младинскиот состав на Вардар и голема опасност за противничките играчи. Репрезентативец на Македонија до 19 години, при настап на контролен натпревар се здоби со повреда, поради која тренерот Марковски неможеше да смета на неговите услуги на последните пет натпревари.

-За мене изминатава сезона беше прилично добра, каде постигнав 10 голови и придонесов за добрите резултати на тимот. Имав една незгодна повреда на натпревар на Македонската репрезентација на пријателски меч во Словачка, што ме одалечи од терените на последните натпревари од сезоната. Во финалето на купот не бев доволно подготовен, иако добив шанса во второто полувреме за настап, можеби ќе направев некој потег што ќе придонесеше за погодок. Како и да е одиме со мислите и нови сили за следната натпреварувачка сезона, изјави Виктор Димков за Вардар Фанс.