По повод завршување на една успешна натпреварувачка сезона, на академијата на фудбалскиот клуб Вардар се одржа заедничко фотографирање на сите младински Вардарови категории. Беа присутни и помалите ( петлиња) кои се сликаа со своите трофеи кои ги освоија во детската лига.
Вардаровата генерација родени “2002“ станаа вицешампиони на Македонија, освојувајќи го второто место на државно ниво. Повеќе од 20 победи во детската лига и само два порази, од кои едниот беше во финалниот натпревар за геерацијата која ја предводеше Петар Ѓорѓиевски.
Генерацијата родени “2003“ стигнаа до четвртфиналето на детската лига, каде беа несреќно поразени од екипата на Постолов Пандев. Избраниците на Ане Андовски покажаа допадлив фудбал за око и важеа за една од генерациите која играше доста офанзивно со константен притисок на противничката половина.
Најмногу трофеи во детската лига освои генерација родени “2004“ година. Војската на тренерот Филип Арсовски имаше доста успешна сезона пред себе освојувајќи злетен и бронзен медал со двете свои екипи кои се пласираа на завршниот турнир. Вардар (2) стана шампион, додека Вардар (1) го освои третото место. Тука вреди да се напомене и освоениот силен турнир во Бугарија.
Генерацијата на Зоран Петковски, родени “2005“ година станаа вицешампиони на Македонија во својата генерација. Повеќе од 40 победи во детската лига за нашите млади надежи, за кои и второто место е голем успех и поттик за следната сезона да бидеме на врвот.
Вардарците родени “2006“ година исто така имаа успешна сезона. Екипата предводена од тренерот Игор Кралевски стигнаа до најдобрите осум екипи, каде во четвртгиналето беа поразени дури по изведување на пенали. Она по што ќе се памети оваа генерација се четирите освоени турнири.
Најмладите најмногу не израдуваа со освоеното прво место на завршниот турнир во детската лига. Генерацијата дечиња родени “2007“ година се закитија со златниот медал во детската лига. Избраниците на Томче Трајановски покажаа карактер на големи победници играјќи со големо срце до самиот крај на сезоната.