Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Георг Стојановски: Најголема инспирација е мојот дедо, покрај Вардар, еден ден сакам да заиграм и во Премиер Лигата
Георг Стојановски: Најголема инспирација е мојот дедо, покрај Вардар, еден ден сакам да заиграм и во Премиер Лигата

Георг Стојановски: Најголема инспирација е мојот дедо, покрај Вардар, еден ден сакам да заиграм и во Премиер Лигата

„Неуморниот“ Вардар Фанс продолжува и понатаму со интересни стории, текстови и интервјуа за своите читатели. Следното наше „блиц“ интервју ќе биде со Георг Стојановски, сигурно познат на многумина, со оглед дека имаме повеќе статии поврзани со напаѓачот на вардаровите пионери. Момчето кое е родено 2004 година,настапува за повозрасна генерација, но тоа не му претставува проблем да биде не само најдобар стрелец во екипата, туку и во целата пионерска супер лига.

18739112_1915841871969648_2905275790171994659_o

Гео кој секоја година запишува рекорди зад своето име со брзи чекори „тропа“ на вратите на првиот тим. Во 2017 година успева да направи рекорд и да постигне дури 81 гол на натпреварите во детската лига, во која неговата генерација го освојува трофејот. Следната година, успеваше да се запише во листата на стрелци, настапувајќи дури за три младински екипи на фудбалскиот клуб Вардар. „Неуморно“ момче кое зад себе има освоено и многу поединечни признанија, како во домашните натпреварувања, така и на меѓународните турнири на кои има настапувано. Двата пати со генерацијата 2004 го освојуваше националниот Куп, како и еднаш регионалната-скопска лига.

koloniq-cup-74

Минатата сезона успеа со генерацијата 2003 да ја освои двојната круна во дебитантската сезона на помладата пионерска супер лига. Тука се и настапите за репрезентацијата до 16 и 17 години, каде Гео пружа одлични игри и многу често се запишува во листата на стрелци. Оние кои не знаат, Гео е внук на најтрофејниот тренер во историјата на ФК Вардар, се работи за Ѓоко Хаџиевски, човек зад кој стојат многу успеси, ценет и посветен тренер, кој моментално работи како шеф на стручниот штаб во Емирејетс, клуб од Обеденитети Арапски Емирати кој се натпреварува во втората лига, но со неговото доаѓање, екипата е на добар пат да се врати во првата лига.

Фудбалските „корени“ на Георг не се случајни, има и од кого да учи и напредува, талентот е несомнено дека го има, само треба да го надоградува со напорна работа. Во следново интервју ќе можете да дознаете, не само за фудбалскиот, туку и за личниот живот на вардаровиот напаѓач, кој се надеваме дека набрзо ќе го гледаме на градскиот стадион како ги тресе противничките мрежи.

1. На колку години започна да тренираш ?

- Кога имав 6 години

2. Дали постеше двоумење околу изборот на фудбалот, имаше ли друг спорт кој ве привлекувал ?

- Да постоеше, помеѓу фудбал и кошарка

3. Омилен македонски и европски играч ?

- Македонски немам,а европски, Левандовски

4. Омилен македонски и европски тренер ?

- Ѓоко Хаџиевски

5. Дали Гео има девојка ?

- Немам

60770267_2217573611622806_1639502038947594240_n-660x330

6. Кој е вашиот најдрагоцен трофеј со Вардар ?

- Двојната круна освоена минатата сезона со тренерот Деспотовски

7. Вие сте најмладиот играч во вашата екипа, дали се чувствува разлика што играш против повозрасни екипи ?

- Не се чувствува никаква разлика

8. Кое е најомиленото место кое сте го посетиле ?

- Барселона

13243765_1753398981547272_1235336614176104121_o

9. Со оглед дека сте работеле со многу тренери во Вардар, дали ви се случило некогаш да ви падне тешко поради разделба со некој тренер ?

-Со секој тренер сум имал одличен однос, но можеби затоа што најдолг период поминавме со Филип Арсовски во време кога созревавме и како деца и како играчи, за него.

10. Дали набрзо очекуваш повик за настап во првиот тим на Вардар ?

- Искрено очекувам затоа што се чувствувам подготвен

11. Потекнувате од спортско семејство, ваш дедо е Ѓоко Хаџиевски, колку тој е инспирација да бидете се подобар во остварување на вашите цели ?

- Многу, дедо ми ја прати мојата кариера од самиот старт и е секогаш тука да ми даде поддршка и совет, но и замерка

18622177_792726234232552_5900867295054148549_n

12. Кој е најголемиот број на постигнати голови на еден официјален натпревар, без разлика дали е во детската лига или во младинските лиги ?

- 9 погодоци

13. Дали веруваш дека со твојот тим ќе ја одбраните двојната круна освоена од минатата натпреварувачка сезона ?

- Да, верувам, затоа што имаме голема желба и потенцијал

14. Дали Гео има трема при изведување на удар од белата точка ?

- Не, немам, затоа што се чувствувам сигурен во себе

15. Кој е вашиот најголем другар од екипата ?

- Нашиот капитен, Петар Давидовски

16. Како го поминуваш перидов, со оглед дека се прекинати сите спортски настани ?

- Се трудам колку можам да сум физички активен и редовно вежбам дома и кога можам одам на кеј или водно

17. Ваш тетин е Филип Спасески, моментално тренер во Академијата на Вардар, како и поранешен играч на овој клуб, колку често примате совети од него за фудбалската игра ?

- Да, многу често, имаме близок и другарски однос

309

18. Иако си млад за ова прашање, сепак дали планираш по завршување на играчката кариера да продолжиш по стапките на твојот дедо, дали некогаш си размислил на оваа тема ?

- Не, не сум размислувал

19. Колку е тешко да се стане добар играч, од кои се работи треба да се откажеш во животот ?

- Многу е тешко, за врвен резултат потребни се силна волја и строга дисциплина

20. Колку често ги гледаш натпреварите на првиот тим, дали кога имаш можност одиш на стадион ?

- Одам, скоро на секој натпревар 

21. Омилено домашно милениче ?

- Куче

2920

22. Покрај играњето на фудбал и секако тренинзите со екипата, што е она што најмногу сакате да правите во слободно време ?

- Играм видео игри

23. За кој Европски клуб навивате ?

- Барселона

24. Што е потешко, да постигнете гол со глава од 10 метри, или од слободен удар од 20 метри ?

- Зависи од ситуацијата

25. Дали некогаш сте биле казнети од тренер и каква била казната ?

- Да, еднаш поради недисциплина ме отстранија од тренинг

1185

26. Ова ви е прва сезона во пионерската супер лига, претходно игравте во помладата пионерска, како и во регионалната-скопска лига. На кој терен според вас е најтешко да се освојуваат бодови ?

- Без разлика на противникот, најтешки гостувања се оние кои се играат на лош терен, каде што не можеме да го покажеме фудбалското знаење

27. Колку си задоволен од твоите репрезентативни настапи, со оглед дека често добиваш повици во националната селекција ?

- Задоволен сум, но мислам дека го немам дадено својот максимум

92156616_220176319193225_1921003957988098048_n

28. Кој од семејството најмногу ве прати на фудбалските натпревари ?

- Сите ме следат, но најредовна е мојата тетка Андреа

29. Дали имаш некој ритуал пред одигрување на натпревари, некоја амајлија или слично ?

- Ритуали немам, а амајлија ми е црковната алка што ја носам на секоја утакмица

30. Кога би се нашле на пуст остров, кои три работи би ги понеле со себе ?

- Телефон,топка и храна

32787701_981151232056717_5662876180336869376_n

31. Дали се случило да имаш контакт, понуда, за играње надвор од земјава ?

- Постојат можности, но сега сум сконцентриран на мојата игра во Вардар

32. Омилен модел на автомобил ?

-Мерцедес

33. Најсилен турнир на кој сте играле со вашата генерација ?

 – На турнирот во Сараево „Играј фудбал, живеј живот“ кој се одржа минатата година

gg84

34. Дали верувате во спортска „среќа“ ?

- Секако, многу пати се покажала како клучна за добивање на некои натпревари

35. За крај, кои се вашите желби и цели кои сакате да ги достигнете во иднина ?

- Покрај Вардар, еден ден сакам да заиграм и во Премиер Лигата.

Звонко Ивановски