Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар на средина на Фер Плеј листата, првото место е за Македонија Ѓ.П
Вардар на средина на Фер Плеј листата, првото место е за Македонија Ѓ.П

Вардар на средина на Фер Плеј листата, првото место е за Македонија Ѓ.П

Вардар кој после 23 одиграни кола се наоѓа на првото место на табелата, со двоцифрена предност пред екипите на Силекс и Шкендија, на Фер Плеј листата се наоѓа на средината на табелата, односно на 5.позиција.

Секоја екипа собира бодови после секој меч, а оваа листа се води на основа на добиени жолти и црвени картони. Вардаровите играчи до овој дел од сезоната имаат добиено вкупно 57 жолти картони и само еден црвен картон, кој му бил доделен на Дарко Мицевски. Првото место на Фер Плеј листата е за екипата на Македонија Ѓ.П, која нема ниту еден црвен картон додека последното е за екипата на Шкупи, која добила вкупно 6 исклучувања на играчи.

Вака изгледа Фер Плеј листата во ПМФЛ:

1. Македонија Ѓ.П -181.893 бодови

2. Борец                   -181.571

3. Работнички       -179.857

4. Академија Пандев -179.107

5. Вардар                      -178.321

6. Шкендија                -177.321

7. Струга Трим Лум  -174.857

8. Силекс                     -173.286

9. Ренова                    -167.286

10. Шкупи                  -158.393