Thursday ,14 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > (ВИДЕО) КК Вардар во 2007 дојде до единствениот сениорски пехар, Куп финалето
(ВИДЕО)  КК Вардар во 2007 дојде до единствениот сениорски пехар, Куп финалето

(ВИДЕО) КК Вардар во 2007 дојде до единствениот сениорски пехар, Куп финалето

Кошаркарскиот клуб Вардар заедно со фудбалскиот се формирани далечната 1947 година. Во 2007 нашиот тим го крена пехарот Купот на Македонија. Тоа е прв и единствен сениорски пехар, вреден за потсетување во ова време на изолација. 

На патот до историскиот успех на фај­нал­ејт турнирот во Битола најпрвин ги совладавме Фени индустри и Работнички, за во големото финале да славиме над Струмица со 73-66.
Чекањето заврши, а по неколку години разочарувања во финалните натпревари – Вардар на 15 април 2007 година се закити со трофеј, оној од Купот на Македонија. Марјан Лазовски беше стратегот кој ќе остане запишан во историјата како првиот што им донел трофеј на „црвено-црните“, кои во тоа време настапуваа под називот Вардар осигурување.

ИГРАЧИТЕ КОИ ИСПИШАА ИСТОРИЈА:

Енес Хаџибулиќ

Горан Ѓоргиевски

Карлос Морбан

Филип Кралевски

Кирил Павловски

Филип Конзулов

Марјан Ѓуров

Перо Блажевски

Горан Самарџиев

Тренер: Марјан Лазовски

Помошен тренер: Борис Нешовиќ