Ракометниот клуб Вардар е формиран во 1961 годнина, со преминување на тогашниот ракометен клуб Графичар во редовите на спортското друштво Вардар. Веднаш по формирањето, клубот успева да се пласира во II сојузна лига и во натпреварувачката сезона 1961/62 година да го освои II место.
Најпосле, во натпреварувачката 1975/76 година клубот го освојува I место во II лига и се пласира во I сојузна лига со што го остварува и својот наголем усшех. Треба да се одбележи дека во тоа време РК Вардар имаше квалитетен тим, што говори и фактот дека во натпреварувачката 1976/77 го освоила V место во првенството на Југославија.
Тимот на РК Вардар
Во овој изминат период на плодна работа и постоење на клубот од редовите на нашиот клуб произлегле и државни репрезентативци и во младинска и во сениорска конкуренција. Затоа не треба да се заборави дека за младинската репрезентација на Југославија настапувале и наши членови: Наумовски, Сипковски, Савевски и други, а за сениорската Јовановски, Маринковиќ, Лозановски, Ивановски, Савевски..
Исто така треба да се одбележи дека и женската сениорска екипа со години била најдобра во републиката и како таква две години со голем успех се натпреварувала во II сојузна лига.