Трето последователно реми за пионерите на ФК Вардар, кои денес одиграа без победник (0:0) на гостувањето во Прилеп кај екипата на Победа.
Вардар имаше свои шанси на овој натпревар, кои останаа неискористени. Михаил Јорданоски се најде во прилика, но биеше за малку над голот, додека во вториот дел поради наводна офсајд позиција беше поништен гол на Стефан Атанасовски. До крајот мрежите мирруваа, па и двете екипи освоија по еден бод.
За нашите пионери ова е трето реми во серија, откако во првите две кола одигравме без победник и на натпреварите против екипите на Шкупи и Брегалница.
Вардар: Лука Јаневски, Алексеј Ивановски, Фуад Керими, Марко Џолев, Иван Блажевски, Михаил Јорданоски (К), Ненад Стојанчевски, Кристијан Каруловски, Бобан Бакрачески, Миле Дрогрешки и Филип Дамевски.
Играа уште и Стефан Атанасовски, Гаврил Петаноски, Филип Стефанов, Михаил Димов, Гоце Трајчевски и Лука Северов.