Tuesday ,25 June 2024
Последни:
Home > Историја > Историја! Вардар во 1968 го победи двапати Калјари за пласман во 1/2финалето на Централноевропскиот куп
Историја! Вардар во 1968 го победи двапати Калјари за пласман во 1/2финалето на Централноевропскиот куп

Историја! Вардар во 1968 го победи двапати Калјари за пласман во 1/2финалето на Централноевропскиот куп

Како едно од најдобрите изданија во својата историја на меѓународна сцена Вардар го имаше во далечната 1968 година. Црвено-црните  настапуваа во Митропа-купот или попознат како Централноевропски куп. Нашиот миленик Ф.К. Вардар успеа да стигне до полуфиналето  таа година. Вардарци на патот до овој пласман  го минаа италијански преставник во купот силниот тим на Калјари. Италјанскиот калчолигаш беше предводен од легендата Џиџи Рива, кој само неколку месеци подоцна ја одведе Италија до европска круна.

Вардар со 0-1 и 1-0 успеа двапати да победи во  двата меча со тимот од Сардинија, а иако против себе имаа бомбардер во името на Рива, италијанската легенда против Вардар остана недокажана. Претходно во ова натпреварување го минавме  и Ласк Линц (0-0, 2-1). По мечот со италијаните следеше полуфиналниот дуел со Спартак Трнава,  бевме исфрлени и не успеавме да обезбедиме  пласман во финалето, во двомечот загубивме  прво со 1-4, а потоа ремизиравме со резултат 2-2.

Првиот меч со Калјари, вардарци го играа во Скопје и победија со гол на Мето Спасовски. Играа Мутибариќ, Дробац, Рац, Георгиев, Мечкаров, Плачков, Илиевски, Мојсов (Дончиќ), Шулинчевски, Велковски и М. Спасовски. На вториот во реваншот, вардарци пак победија со минимални 1-0 со гол на Велковски. Играа Мутибариќ, Дробац, Рац, Георгиев, Мечкаров, Планчков, Илиевски, Мојсов, Ковачевски, Велковски и М. Спасовски.