Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Дамјан Бојковски: Успехот е на цела екипа, благодарение на тренерот Сашо Јанев и неговиот професионализам во фудбалот
Дамјан Бојковски: Успехот е на цела екипа, благодарение на тренерот Сашо Јанев и неговиот професионализам во фудбалот

Дамјан Бојковски: Успехот е на цела екипа, благодарение на тренерот Сашо Јанев и неговиот професионализам во фудбалот

Помладите пионери на Фк Вардар беа најпријатното изненадување во домашното првенство, после завршување на првиот дел од сезоната. Оваа генерација предводена од Сашо Јанев успеаа да стане есенски шампион во својата категорија, каде забележа 10 победи, едно реми и ниеден пораз.

-Сезоната протече очекувано добро, со само еден примен гол, без ниеден пораз и еден нерешен резултат. Успехот е на цела екипа, благодарение на тренерот Сашо Јанев и неговиот професионализам во фудбалот.

Да не беше испаѓањето во рамките на националниот куп од екипата на Шкендија, тоа ќе беше полусезона за незаборав за помладите пионери.

Кога ги победивме Шкендија во првенството бевме цела екипа, во првиот пораз во купот фалеа неколку клучни игрчи, за реваншот во Тетово едноставно немавме среќа, промашен пенал и многу други неискористени прилики.

Веќе екипата се наоѓа на заслужен одмор, кој ќе трае до 20 јануари, кога полека ќе се вратат на тренинзи и подготовки за завршниот предизвик.

Максимално ќе се спремиме за втората полусезона, имаме големи шанси да бидеме шампиони на крај. Едноставно верувам во себе и во целата моја екипа, изјави Дамјан Бојковски за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски