Голманскиот тандем на Жрк Вардар, Амандин Лејно и Ина Суслина со неколку свои одлични интервенции, се најдоа во изборот на ТОП-30 најдобри одбрани во лигата на шампиони, за годината која полека изминува.
Двојната одбрана на Ина Суслина од седум метри, во дуелот со Германски Лајпциг минатата сезона се најде заслужено во овој избор. Руската голманка во дресот на Вардар со две умешни интервенции ги засени присутните гледачи во спортскиот центар Јане Сандански и заслужено се најде во овој избор на ЕХФ.
На сличен начин и нејзината колешка на голот, Амандин Лејно со двојна одбрана од пенал, успеа да влезе во изборот за ТОП-30 најдобри одбрани во лигата на шампиони. На меч во рамките од 1/4 минатата сезона, Вардарки преку Ѓер успеаа да се пласираат на завршниот турнир. Голема улога во пласманот на Ф4 имаше токму Лејно. Уште една неверојатна интервенција на Лејно се најде во ТОП-30 најдобри одбрани за 2015 година. На натпреавр исто така одигран минатата сезона во групната фаза, против екипата на Крим, Лејно на супериорен начин успеаа да го зачува својот гол.
Видеото од најдобрите 30 одбрани во лигата на шампиони, во годината која полека изминува: