Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Борец 1.5 година нема пораз дома, дали Вардар ќе ги расипе сметките?
Борец 1.5 година нема пораз дома, дали Вардар ќе ги расипе сметките?

Борец 1.5 година нема пораз дома, дали Вардар ќе ги расипе сметките?

Фудбалерите на Борец играат феноменално пред својата верна публика. Бројките велат на тоа дека велешани немаат пораз на домашен терен веќе 1.5 година, односно ниту еднаш есенва, што е за поздрав.

Дали лидерот на табелата Вардар ќе ја прекине оваа феноменална низа на домашниот тим ќе дознаеме денеска. За потсетување, Вардар одигра еден натпревар на стадионот во Велес сезонава, кој заврши 0:0.

Можен почетен состав за натпреварот кој започнува од 14.00 часот: Гачевски, Новак, Младеновски, Тошевски, Брдаровски, Мицевски, Најдовски, Жуниор, Цветаноски, Попзлатанов и Аврамовски.