Утре со почеток од 14:00, лидерот во ПМФЛ, екипата на Вардар гостува во Велес, кај екипата на Борец. Ова е натпревар од 20 коло, а втор за оваа пролет.
ФФМ го одреди главниот судија за овој меч, Александар Ставрев ќе биде задолжен за делење на правдата во Велес. На првиот дуел во есенскиот дел кој се одигра во Велес, натпреварот заврши без голови, додека Вардар славеше на домашен терен со резултат 2:0.