Дуелот помеѓу двата најсериозни кандидати за приматот во првата македонска фудбалска лига, екипите на тетовска Шкендија и нашиот шампион фудбалскиот клуб Вардар, првенствено беше закажан за во недела, 14-ти август, термин кој на тетовчани не им одговарал спорет нивната проценка. Тие побарале од нашиот клуб да се игра дуелот во сабота. Сосема логично и за ПОЗДРАВУВАЊЕ е одлуката на раководството на Вардар да се задржи првиот термин. Значи како што беше и претходно најавено, овој дуел си останува за во недела.
Вардар направи добар потег бидејќи сме во незгодна позиција, и бодовна по првото коло и имаме повредени играчи, а и не постои пример кога Шкендија му излегла во пресрет на нашиот црвено-црн шампион. Исто така нечесто нашите играчи во гости биле навредувани по национална основа, се случувале и низа други некорекности, така да одговорот е одличен. Тетовчани на ова одговорија со соопштение кое е полно со излитени фрази, демагогија и на моменти лицемерно, како што се следниве неколку формулации кој на нашата редакција посебно и паднаа во очи: “Голем клуб не те прават зборовите, туку делата! “- самото по себе ова е контрадикторно Вардар за нив секогаш ќе биде голем клуб особено за нив, “Раководството на Вардар не покажа ниту подготвеност, ниту разбирање за барањето на Шкендија да играме ден предходно (наместо неделата во саботата), која всушност е во интерес генерално за македонскиот фудбал, и другите екипи, меѓу кои и самиот Вардар.“- воопшто не е наш интерес дали они ќе напредуваат или не, ние сме “ковачи на сопствената судбина“ и нашата фудбалска историја ќе ја испишуваме сами, “Вардар го “боли“ успехот на Шкендија“- без коменар не е потребен, толку им е дадено…