Црвено-црните го добија и вториот контролен натпревар против екипата на Горење Велење. За разлика од првиот меч кога успеавме да славиме само со еден погодок (28:27), овој пат нашиот ракометен шампион беше многу поубедлив (38:27). Во текот на целиот меч избраниците на Раул Гонзалес имаа постојана предност, која како одминуваше дуелот се повеќе растеше. Во нашиот состав посебно се истакнаа Македа со 7 Канелас и Борозан со по 6 и Душебаев кој постигна 5 погодоци. Во Крањска Гора остануваме до утре, од каде се селиме во Белорусија како учесници на турнирот во организација на Брест Мешков.
Погледнете неколку фотографии од вчерашната победа на РК Вардар !
ФОТО: Jurij Kodrun