Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар го ”разнесе” Горење
Вардар го ”разнесе” Горење

Вардар го ”разнесе” Горење

Шампионот на Македонија, тимот на РК Вардар го доби и вториот пријателски натпревар против тимот на Горење од Словенија. Нашиот тим денеска овој натпревар го доби на убедлив начин, со единаесет голови разлика 38-27 (18-10).

Натпреварот со погодок го отвори Душеабев, а во првите 15 минути имаше мал број на постигнати голови. Како одминуваше мечот Вардарци ја покажуваа својата сила и полека но сигурно го зголемуваа воството. Во еден момент имавме предност од 4:8, а во следните пет минути Горење успева да  намали на 8:10. По тој период следи игра, каде Словенците цели десет минути не успеваат да постигнат погодок, што му овозможува на нашиот ракометн шампион да стигне до осум гола позитива по првиот дел.

Продолжува добрата игра за избраниците на Гонзалес и во вторите 30 минути. Во 40 минута веќе имаме високо водство од 16:25. До крајот на мечот само го зголемивме ова водство, кое на крај беше изразено во 11 гола позитива.

Хорхе Македа беше најефикасен со 7 голови,. Го следеа Борозан и Канелас со 6 и Душебаев со 5 погодоци.

РК Вардар: Милиќ, Штербик. Ѓоргески, Ангелов, Стоилов, Недановски 1, Попоски 1, Фереира 3, Македа 7, Канелас 6, Деревен, Душебаев 5, Абутовиќ, Дибиров 4, Борозан 6, Шишкарев 2, Марсениќ 3,

Црвено – црните од натпревар во натпревар ја подигнуваат својата форма. Ова беше успешна подготовка на нашите момци во Словенија, пред силниот турнир во Белорусија кој престои за нашиот тим.Вардар во Словенија ќе остане до 12 август, а потоа заминува на турнир во Белорусија, каде организатор е тимот на Мешков Брест.