Фантастично тече акцијата на ,,Комитите” купи билет за спас на ФК Вардар. Откако беше комплетно распродадена Западната трибина од околу 5000 седишта, дојде ред целосно да се распродаде и Јужната трибина, која е со капацитет од околу 10.000 седишта.
Остануваат уште точно три дена до натпреварот со Пелистер. Ако продолжи акцијата во ова темпо, речиси сигурно ќе имаме над 22.000 продадени билети.
Потсетување, онлајн билети можете да набавите ТУКА.