Денес свој роденден слави предводникот на кадетскиот состав на ЖРК Вардар, Анжела Платон. Таа ги предводи од самиот почеток девојките родени 2004 и 2005 година, имаше визија и успеа во истата, од нив создаде композитен тим кој не знае за пораз со години и ги освојува сите домашни лиги каде што се натпреварува.
Честитки од редакцијата на Вардар фанс до поранешниот играч на Кометал Ѓорче Петров и репрезентативка на Македонија, Платон има оставено голем “белег“ во Македонскиот ракомет. Во сезоната 2000/01 година успеа со тимот на Кометал да ја освои европската круна и на два пати да стане европски вицешампион со истава екипа. Зад нејзиното име има забележано и многу настапи за Македонската ракометна репрезентација.
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН АНЖЕЛА!