Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Брдаровски “црвено – црн” до 2019 година!
Брдаровски “црвено – црн” до 2019 година!

Брдаровски “црвено – црн” до 2019 година!

Вардар го продолжи договорот со Владица Брдаровски до 2019 година. Со ова, управата продолжува да го задржува костурот на тимот и за следните сезони. По Барсегјан, денеска до 2019 година продолжи и десниот бек на Вардар. Брдаровски за официјалниот сајт на клубот изјави:

„Среќен што ја продолжив верноста со Вардар и што ќе бидам дел од најдобриот клуб во Македонија и во следните две години. Благодарност до раководството, до стручниот штаб и до играчите кои што имаат дел од заслугата за ова. Мое е да работам напорно да ја оправдам довербата која ми е укажана. Секогаш кога сум играч за Вардар, сум го давал максимумот тимот да дојде до победа и до успеси, и така ќе биде и во иднина.

Играм во најдобрата екипа во Македонија која секогаш има амбиции да биде на првото место на табелата и секогаш да освојува титули. Мислам дека е крајно време ова лето да го направиме и тој толку посакуван исчекор на меѓународна сцена, во Лигата на шампионите. Ќе мора добро да се подготвиме, и јас сум сигурен дека без разлика на протиовникот, ќе дадеме се од себе да минеме минимум едно коло. Во првенството амбициите се познати, а тие се двојна круна“, изјави Брдаровски.