Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Македонија пропушти шанса да ја победи Украина, во последното коло против Чешка ќе се бориме за пласман на ЕП
Македонија пропушти шанса да ја победи Украина, во последното коло против Чешка ќе се бориме за пласман на ЕП

Македонија пропушти шанса да ја победи Украина, во последното коло против Чешка ќе се бориме за пласман на ЕП

Македонската ракометна репрезентација пропушти шанса во пресрет на последното коло да обезбеди пласман на ЕП. Избраниците на Раул Гонзалес иако имаа водство во најголем дел од натпреварот, сепак на крајот одигравме со нерешен резултат

Украина имаше подобар старт на натпреварот, кога поведе со 2:0, додека првиот гол за Македонија го постигнува Кирил Лазаров. Првото водство на нашата селекција е при резултат 3:4, кога погодува Митков и во следните пет минути се играше гол за гол на двете страни. Домашната репрезентација повторно има предност од два гола (12:10), но Македонија враќа експресно со пет голови во серија, за прв пат да има водство од три гола (12:15). Во тие моменти погодуваа Лазаров, Стоилов, Талевски и Манасков. На голот, Ристовски беше заменет со Даскалоски, кој сврза неколку одбрани и беше од иницијаторите на пресвртот. До крајот на првото полувреме имавме предност, која беше зголемена на четири гола (14:18).

Добро продолживме и на стартот на второто полувреме, кога погодивме преку Миркуловски и Стоилов, за највисоки пет гола разлика (15:20). Сепак противникот не мислеше да се предаде, па со серија од 5:1, успева да намали на само еден гол разлика (20:21). Лошата серија ја прекинува капитенот, Лазаров кој постигнува гол, за зголемување на 20:22. Избраниците на Гонзалес во следните десет минути одржуваа водство, кое се движеше од 2-3 голови разлика. Повторно Украина се закани, кога го намали резултатот на 24:25. Стоилов со својот четврт гол успева да зголеми на 24:26, додека ние не успеваме да реализираме удар од седум метри, преку Лазаров. Беше неизвесно во последните три минути, кога Украина имаше напад за израмнување на резултатот, но Ристовски одбрани на нашиот гол. Во неизвесна завршница, домашната селекција успеа да извлече бод, за конечен резултат од 27:27. Имавме можност да погодиме преку Дејан Манасков, но неговиот удар во последните секунди го брани голманот на Украина. Претходно не успеа ниту Мартин Поповски.

Лазаров најефикасен со 7 голови, додека од играчите на Вардар, Стоилов беше стрелец на четири голови.

На табелата, Чешка е прва со 6 бодови, додека Македонија и Украина имаат по 5. Во недела, на нашата репрезентација и е потребен триумф во дуелот со Чешка.