Дефанзивецот Владица Брдаровски е веќе договорено трето засилување на црвено- црните по Ацо Стојков и Бобан Николов како штообјави нашиот Вардар на својот официјален клубски сајт !
Очигледно големиот предизвик што следи во европската Лига на Шампиони вардаровата управа го сваќа сериозно и ова е трето засилување за црвено-црните .Добра вест е што Брдаровски е слободен играч и нашиот тим би го регистрирал како “слободен агент“ со што би добил квалитетен играч без никави додатни финансиски оптеретувања. Тој последен клуб му е Ѓер од Унгарија во нашата земја настапуваше за Пелисер и Работнички . Брдаровски и во изминатите преодни рокови се поврзуваше со Вардар но никако не се реализираше неговото доаѓање во Скопје . Тој имаше два настапи за А-селекцијата и 17 настапи за У-21 репрезенацијата на Македонија . Владица е млад играч роден е 1990 година .