Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > КВАЛИТЕТНАТА РАБОТА НА ШКОЛАТА НА ВАРДАР ВО ИЛИНДЕН ВРОДИ СО ПЛОД-8 ИГРАЧИ РЕГРУТИРАНИ ВО ПИОНЕРИ

КВАЛИТЕТНАТА РАБОТА НА ШКОЛАТА НА ВАРДАР ВО ИЛИНДЕН ВРОДИ СО ПЛОД-8 ИГРАЧИ РЕГРУТИРАНИ ВО ПИОНЕРИ

vardarfans 11Веќе се покажува дека големиот проект со ракометните школи низ земјава кој влегоа во големото црвено-црно семејсво ги дава првите резултати. Така на неодамнешната селекција за регрутирање на играчи во пионерските категории ракометната школа на Вардар која фунционира во скопската населба Илинден успеја да и бидат регрутирани 8 нивни члена .

Школата која фунционира веќе деценија наназад и која влезе во проектот на Вардар за младински школи низ земјава е вистинска прилика младите идни ракометари да ја научат оваа прекрасна игра. Причина за ваквиот нивни успех на регрутацијата е професионалниот пристап на тренерскиот двоец Александра Јанев и Дарко Јанев. Дарко е поранешен играч на РК Вардар и се уште актуелен ракометар кој е идол на младите ракометари . Овој тренерски двоец со голем ентузиазам и ја пренесува љубовта кон ракометот на помладите , а квалитетниот тренажен процес беше потврден со вака големиот број на одбрани играчи за пополнување на вардаровите црвено- црните ракометни пионерски категории.

vardarfans 12

Ракометната школа од н.Илинден имаше  9 пријавени деца за селекција на Вардар избрани се дури 7 деца и тоа Андреј Трајановски, Давид Савревски, Иван Богдановски, Марио Мишевски, Дамјан Димитријевски, Ивана Блажевска и Ивана Станчева. А предходно од првата селекција беше избран пикерот Филипче Гроздановски. РК Илинден-Вардар и понатака ќе продолжи со работа и создавање на таленти кои што се надевам дека ке прераснат во врвни спортисти. Исто за напомена е дека од истата школа е   и младиот  Филип Арсеновски кој сега стана дел од екипата на Раул Гонзалес.

vardarfans 13