Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Жрк Вардар ќе учествува на силен турнир во Букурешт
Жрк Вардар ќе учествува на силен турнир во Букурешт

Жрк Вардар ќе учествува на силен турнир во Букурешт

Нашите девојки  кој се на пауза по освојувањето на двојната круна во земјава добија покана и истата ја прифатија да учествуваат на силен турнир во Романскиот главен град Букурешт.

Турнирот ќе се одигра во период од 20ти до 23 Август и ќе биде прв турнир во подготовките за идната сезона на девојките . По овој турнир следниот е во организација на црвено-црните на крајот на август и почетокот на септември во С.Ц Јане Сандански . На турнирот во Романија ќе има шест екипи поделени во две групи од по три тима , а вардарки се во група со Корона Брашов и домаќинот на турнирот Букурешт.

ГРУПИ
Група А: Будуќност, Баја Маре, Ростов Дон
Група Б: Вардар, Букурешт, Корона Брашов

РАСПОРЕД

20 август
Будуќност – Ростов Дон 16-30
Вардар – Корона Брашов 19-00

21 август
Баја Маре – Ростов Дон 16-30
Букурешт – Корона Брашов 19-00

22 август
Будуќност – Баја Маре 16-30
Вардар – Букурешт 19-00

23 август
Натпревари за пласман
5/6 место – 14-00
3/4 место – 16-30
1/2 место – 19-00