Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Брдаровски: Очекувам и во Струмица еден тежок и тврд натпревар, ќе влеземе максимално сериозни на овој дуел и се надевам дека ќе ги искористиме нашите шанси
Брдаровски: Очекувам и во Струмица еден тежок и тврд натпревар, ќе влеземе максимално сериозни на овој дуел и се надевам дека ќе ги искористиме нашите шанси

Брдаровски: Очекувам и во Струмица еден тежок и тврд натпревар, ќе влеземе максимално сериозни на овој дуел и се надевам дека ќе ги искористиме нашите шанси

Вардар реди победи а Владица Брдаровски одлични настапи. Откако се врати на позицијата десен бек токму на дуелот со Македонија ЃП, Брдаровски одигра уште подобар меч од оној против Ренова во Тетово.

По натпреварот, Брдаровски во изјава за нашиот сајт вели дека освоиле многу тешки три бода на тежок терен и дека дуелот со Беласица нема да биде нималку лесен, иако противникот се наоѓа на последната позицијата на табелата.

„Важни три бода за нас. Победивме тежок противник, на многу тежок терен. Свесни бевме и пред натпреварот дека ова ќе биде тежок натпревар – како и сите следни до крајот на полусезоната. После ова, во мислите ни е следниот натпревар против Беласица. Иако се последни на табелата, се работи за една добра екипа. Очекувам и во Струмица еден тежок и тврд натпревар. Ќе влеземе максимално сериозни на овој дуел и се надевам дека ќе ги искористиме нашите шанси и ќе дојдеме до третата победа оваа сезонa“ , изјави Брдаровски за „Вардар Фанс“ .

Димитар Гогов