На стадионот “Борис Трајковски„ во населбата Маџари, генерацијата на ФК Вардар родени “2003„ година утрово го стартуваа турнирот “Гази Баба Куп 2018„. Избраниците на Деспотовски беа минимално поразени од екипата на Милано, со резултат од 0:1.
Единственот гол на овој дуел падна во првото полувреме, кога по една нафрлена топка од десната страна, во нашиот шеснаесетник скокна еден од противничките играчи и ја погоди мрежата, што значеше отварање на резултатот. Во првиот дел не упативме ниту еден директен удар кон голот на кумановчани, за одбележување е приликата на Мирков и Прелоговски, која на време беше отстранета од екипата на Милано. Противничката екипа покрај постигнатиот гол имааа уште два директни удари кон голот на Сејди, но без поголема опасност кон нашиот гол.
Во второто полувреме тргнавме поофанзивно со цел да постигнеме гол, но остана резултатот непроменет. Мирков упати удари, кој го одбрани голманот на Милано, додека најзрелата прилика ја имавме преку Дамјан Марковски, кој сакајќи да упат центар шут, топката ја погоди пречката. Беше направена и една измена, на местото на Живков, во игра влезе Младеновиќ. Се закани и Прелоговски, но одбрани голманот. На крајот конечни 0:1 за екипата на Милано.
Вардар: Сејди, Марковски, Трпезановски, Сељанац, Петковски, Тасевски, Петрушевски, Живков, Ѓорѓиевски, Мирков, Прелоговски.