Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерските екипи гостуваат во Штип, додека кадетите и младинците се домаќини на Брегалница, во рамките на 16. коло
Пионерските екипи гостуваат во Штип, додека кадетите и младинците се домаќини на Брегалница, во рамките на 16. коло

Пионерските екипи гостуваат во Штип, додека кадетите и младинците се домаќини на Брегалница, во рамките на 16. коло

Претстојниов викенд ќе биде одиграно 16 коло во првенството на младинските фудбалски категории. Противник за вардаровите генерации ќе биде екипата на Брегалница. Пионерските екипи во сабота, во термините од 10 и 12 часот гостуваат во Штип, додека во недела на теренот во населбата Јане Сандански, во истите термини, кадетите и младинците се домаќини на Брегалница.

Помладите пионери ќе се обидат да стигнат до втората пролетна победа и до вториот триумф оваа сезона со екипата на Брегалница. Во есенскиот дел, избраниците на Деспотовски славеа на домашен терен, убедливо со резултат 4:1. На табелата, црвено-црните се први со еднаков број на бодови со екипата на Победа, додека Брегалница се наоѓа на осмата позиција со двојно помалку бодови од екипата на Вардар, што значи дека нашиот состав влегува како фаворит во пресрет на саботниот натпревар. Во ова коло, нашиот најголем конкурент за трофејот, тимот на Победа игра дерби во Прилеп со екипата на Шкендија, додека Работнички има тешко гостување кај Шкупи.

Фаворит во дуелот со Брегалница за освојување на сите три бода се и пионерите на ФК Вардар. Се надеваме дека нема да има неизвесност како на првиот натпревар одигран на Академијата, кога црвено-црните славеа со резултат 3:2. Тоа ќе биде дуел на прво и последнопласираниот на табелата, во пионерската Супер лига. Ова е меч кој мора да се добие, со оглед дека после ова коло може да се зголеми бодовната разлика, пред екипата на Работнички која игра против Шкупи.

За освојување на бодовите, проблеми не би требало да имаат ниту кадетите и младинците на ФК Вардар, кои се големи фаворити на овие мечеви со Брегалница. Во есенскиот дел, кадетите славеа на гостувањето во Штип, со резултат 0:4, додека младинците победија со 0:2. Се надеваме на успешно второ пролетно коло и максимален број на освоени бодови во дуелите со Брегалница.