Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Uncategorized > ЖРК Вардар во улога на фаворит го пречекува ЦЕМС, дуелот се игра в сабота
ЖРК Вардар во улога на фаворит го пречекува ЦЕМС, дуелот се игра в сабота

ЖРК Вардар во улога на фаворит го пречекува ЦЕМС, дуелот се игра в сабота

Викендов на програмата во женската Супер лига е второто пролетно коло, во првото како гости ЖРК Вардар со пресврт триумфираше кај Гевгелија и ја започна сезоната победнички. Во второто коло оваа пролет, односно 16-то оваа сезона ние сме домаќини на екипата на ЦЕМС.

b23

Дуелот се игра во сабота, 09/03/2019 со почеток во 13-00 часот во големата сала на СЦ “Јане Сандански“ во Скопје.  Ние сме фавориоти за победа, со оваа екипа одигравме оваа есен два дуела. Првиот  контролен, пријателски дуел пред почетокот на сезоната кој го добивме со  десет гола предност, 26 – 36.

Потоа во втората средба во  суперлигашката конкуренција, веќе по 60.секунди поведовме со 0-2, преку Ана Марија Коларовска водство кое не го испуштивме потоа на цел дуел. На одмор заминавме со десет плус, 8-18. Во вториот дел се беше рутина и триумфиравме со 22-32.