Тимот на Вардар игра непрепознатливо оваа сезона во ПМФЛ. Дека Вардар има разочарувачка сезона покажуваат и бројките, на само десет кола до крајот на шампионатот, Вардар има освоено само 48 бодови, што за тим како него кој се бори за титула е очајно малку.
Само за споредба, минатата сезона Вардар освои вкупно 83 бодови на 36 првенствени натпревари и беше далеку напред, со плус 13 предност зад второпласираниот тим на Шкендија.
Еве да речеме и да победи Вардар на последните 10 натпревари, колку и што останаа, што е невозможна мисија како игра, би освоил вкупно 78 бодови, што е пак помалку од минатата сезона.