Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ѓер, Ростов Дон и Букурешт се многу блиску до Ф4
Ѓер, Ростов Дон и Букурешт се многу блиску до Ф4

Ѓер, Ростов Дон и Букурешт се многу блиску до Ф4

Ѓер, Ростов Дон и Букурешт се многу блиску и речиси сигурно ќе играат на Ф4 турнирот во Унгарија и се можни противници на нашиот Вардар.

Рускиот претставник во Лигата на шампионите, екипата на Ростов Дон, уште на дуелот во Унгарија кај Ференцварош славеше со резултат 29-31 и речиси сигурно е патник на завршниот турнир.

Тимот на ЦСМ Букурешт е веќе на завршиот турнир без дилеми. Романскиот првак славеше убедлива победа на дуелот пред својата публика против Мец со резултат 33-21. На овој дуел најдобар стрелец во домашниот тим беше Неагу со десет голови, шест даде Гулден, додека по четири запишаа Мехмедовиќ и Куртовиќ.

Ѓер пак, одигра одлично во Црна Гора кај Будуќност и со шест голови предност си замина дома. Со оваа победа, европскиот шампион речиси сигурно исто така е патник на уште еден завршен турнир каде ќе го брани пехарот. Ѓер во текот на целиот натпревар имаше предност над својот ривал. На овој дуел најрасположени за игра беа Аморим Талеска и Горбиц со по осум погодоци.

Очекуваме покрај овие три екипи, и нашиот Вардар да се најде на завршниот турнир.