Генерацијата 2010 на фудбалскиот клуб Вардар освои бронзен медал на турнирот во Бугарија.
Денес се одиграа завршните натпревари на турнирот „Дупница Куп“.Најпрво во полуфиналето немавме среќа и после изведување на удари од белата точка бевме поразени од екипата на Фуд Школа-Филип Филиповиќ која доаѓа од Србија. Во регуларниот дел, мечот заврши со нерешен резултат 1:1, стрелец на голот за Вардар беше Стефан Ристиќ. После изведување на пенали, подобар беше противникот кој славеше победа со резултат 3:1.
Во борбата за третото место ја победивме екипата на Мињор Перник, меч на кој немавме никакви проблеми да го обезбедиме триумфот, кој дојде со резултат 8:0. По три гола на овој натпревар постигнаа Александар Васоски и Стефан Ристиќ, додека два беа дело на Благојче Седлоски.
Најдобри стрелци на турнирот од редовите на Вардар беа Стефан Ристиќ кој постигна 10, како и Благојче Седлоски со 9 голови. Стефан Ристиќ го понесе признанието за најдобар стрелец на турнирот. Сепак честитки за целата екипа на чело со тренерот Колев, кои прикажаа добра игра и достојно го претставија Вардар на овој турнир.