Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кај дамите: Делчево шампион, „сребро“ за РК Будимир, Драчево 3.место на турнирот во организација на Вардар
Кај дамите: Делчево шампион, „сребро“ за РК Будимир, Драчево 3.место  на турнирот во организација на Вардар

Кај дамите: Делчево шампион, „сребро“ за РК Будимир, Драчево 3.место на турнирот во организација на Вардар

Кај дамите на турнирот „Еден живот, една љубов“ победата ја однесе екипата на РК Делчево. Делчевски го освоиа ова 6-то издание. Екипата на РК Будимир беше „сребрена“, 3.место е РК Драчево Вардар. Вака изгледаше конечната табела:

71900628_412933746080866_5001053296622829568_n
1.Делчево
2.Будимир(1)
3.Драчево
4.Будимир(2)
5.Седмерец

71785351_412933946080846_4386332576214679552_n
Во првата дуел се сретнаа екипите на РК Академија Будимир(1) и РК Академија Будимир(2). Победата ја обезбеди тимот на „единициата“ со резултат 8-4. Тие првиот дел го добија со три плус, на секој гол на колешките одговараа со два во нивната мрежа за 6-3 за време на паузата.

Вториот дел беше далеку поборбен, но и далеку по понефикасен. Во овој дел се постигнаа се на се три гола, повторно на еден гол на „двојката“ ривалите одговорија со двојна мерка за победа 8-4 на крајот.

РК Драчево Вардар лесно се справи со РК Седмерец Вардар од Охрид. Скопските девојки отворија со серија 3-0 на почетокот. Го исконтолираа привиот дел со залиха од пет гола заминаа на одмор. За време на паузата на семафорот стоеше резултатот 5-1 за драчевки.Вториот период започна исто како и првиот, со тотална доминација на Драчево. Тие од минута во минута зголемуваа и поведоа пред финишот со 13-1. Охритскиот тим успеа на крајот да погоди за конечни 13-2.

71572212_412934272747480_4322345152711491584_n

РК Драчево Вардар го совлада тимот на РК Будимир-2 со резултат 11-4 во едне меч во кој доминираше. Тие отворија со 3-0, потоа противникот намали со гол за 3-1. На одмор заминаа со високи пет гола предност, односно со резултат 5-1.
Истата игра ја продолжија и во вториот дел кога се одлепија на високи 9-1. Се до крајот беше чиста формалност. Девојките на Будимир успеаа да одиграат подобро во финишот и ја ублажија негативата, тие беа совладани со резултат 11-4.

71588905_412933786080862_7376625593808322560_n
Во предпоследниот дуел, РК Делчево високо го победи тимот на РК Седмерец Вардар од Охрид со резултат 23-7. Делчевки отворија со високи 5-0, потоа охриѓанки успеаа да ублажат со два гола и ја намалија разликата на 5-2. Следеше периот во кој делчевки успеаа да доминираат, тие на одмор заминаа со 9-2.
Во вториот дел двата тима прикажаа допадлива игра. На средината од полувремето РК Делчево Вардар поведе со десет гола, тие имаа двоцифрена предност прв пат на резултат 15-5. Се до крајот беше рутина, триумфот беше обезбеден со резултат 23-7.

71534600_413048372736070_6055319930721533952_n

Во мечот кој беше де факто финале, бидејќи се сретнаа двата тима со максимален ефект победата со тоа и пехарот за шампион го освои тимот на РК Делчево. Тие во оваа средба која беше исполнета со многу динамика ја совладаа екипата на РК Будимир Вардар (1).

71520100_413048386069402_8787199798500392960_n
Дуелот започна со водство на тимот од Делчево со 0-1. Тие одиграа одлично па успеаа да се одлепат на плус четири, 2-6. Скопските дами имаа свој период и ја преполовија негативата пред паузата. За време на одморт делчевки водеа со два гола, 7-9. Во вториот дел поведоа и со три погодока при резултат 9-12. Будимир нападна, но неуспеа да изедначи поразот за нив дојде со резултат 12-14.