Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Јаневски: Не треба сега да се фрла со дрва и камења по фудбалерите, туку да биде школа за нив понатаму
Јаневски: Не треба сега да се фрла со дрва и камења по фудбалерите, туку да биде школа за нив понатаму

Јаневски: Не треба сега да се фрла со дрва и камења по фудбалерите, туку да биде школа за нив понатаму

По елиминацијата од Купот на Македонија, тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски ги истакна својте впечатоци по натпреварот и играта на својот тим.

„Добро се држевме првите 45. минути со овој комбиниран тим кој го изведовме денеска во Тетово. После се случуваа индивидуални грешки, и тука имавме проблеми. Имавме проблем и по страничните позиции. Не можам да замерам, играчите го дадоа максимумот и колку што можеа. Овој тим како денеска не може да се носи со овој предизвик. Не се виновни играчите, иако сметам дека уште многу да се работи. Ова треба да биде и поука за нив против една ваква искусна екипа која игра неколку години заедно. Не треба сега да се фрла со дрва и камења по фудбалерите, туку да биде школа за нив понатаму.“, изјави Јаневски.