Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар елиминиран од Купот, Шкендија патник во 1/2 финалето
Вардар елиминиран од Купот, Шкендија патник во 1/2 финалето

Вардар елиминиран од Купот, Шкендија патник во 1/2 финалето

Tимот на Вардар e eлиминиран од Купот на Македонија во 1/4 финалето. Попладнево Вардар загуби убедливо од Шкендија со 4:0 (0:0) и со тоа ја загуби и втората титула оваа сезона.

Комбинираниот тим на Вардар одигра прифатливо прво полувреме во Тетово, иако својата шанса да чекаше преку контранапади, нашите дефанзивци одлично си ја завршија работата во првиот дел, посебно добар впечаток остави младиот Младеновски. Во првиот дел Вардар се закани преку две шанси, правата ја имаше Битанг уште во 4. минута, биеше силно но право во голманот Захов. Втората шанса нашиот тим ја имаше исто така преку Битанг но неуспешно. Шкендија имаше две големи шанси за гол во првиот дел, првата не ја искористи Хасани кој го промаши фудбалот, а потоа и ударот на Радески со глава одлично го одбрани Алексовски и спаси гол, за конечни 0-0 на полувреме. Во првиот дел кај Вардар излезе Исени во 36.минута , а на негово место во игра влезе Цветаноски.

Во вториот дел комбинираниот Вардар “изгоре” во Тетово, Шкендија ни даде дури четири погодоци. Во 53. минута Радески го проигра Ибраими кој излезе сам пред голот и успеа да погоди во мрежата. Потоа  во 57. минута Ибраими од десната страна одлично се ослободи од одбраната на Вардар и шутираше прецизно во голот на Алексовски, зголемувајќи го резултатот на 2:0. Третиот гол дојде во 65. минута, стрелец и на овој гол беше Ибраими, четвртиот дојде во 80. минута, стрелец беше овој пат Муслиу. Во 69. минута за почесен гол промаши 100% шанса Колевски кој биеше само над голот од пет метри. Со резултат 4:0 заврши овој дуел и Вардар испадна од Купот и оваа сезона.