Тренерот на ФК Вардар, Чеде Јаневски се одлучи и овој натпревар да го одигра со проверени сили. Во почетните 11-мина се наоѓаат играчите кои се претпоставуваше дека ќе започнат од првата минута. Кај Розенборг од првата минута ќе настапи Никлас Бендтнер.
Почетните 11-мина за вечерашниот дуел во Норвешка се: Гачевски, Демири, Муслиу, Грнчаров, Хамбарџумјан, Николов, Фелипе, Глигоров, Блажевски, Џигаури и Барсегјан.