Sunday ,12 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар неможе до првите бодови, Фелипе со прекрасен гол донесе прв погодок во групната фаза
Вардар неможе до првите бодови, Фелипе со прекрасен гол донесе прв погодок во групната фаза

Вардар неможе до првите бодови, Фелипе со прекрасен гол донесе прв погодок во групната фаза

Вардар го забележа и вториот пораз во групатана фаза од Лигата на Европа. Вардарци вечерва беа немоќни против шампионот на Норвешка, тимот на Розенборг 3:1 (1:0). И на овој натпревар, како и на оној со Зенит, многуте индивидуални грешки го одлучија победникот. Голот за Вардар го постигна Фелипе во 91 минута со прекрасен лоб удар.

komiti-norveska

Натпреварот за малку не го отвои Вардар уште во третата минута, Блажевски со одличен удар од 20-сетина метри биеше само во стативата од голот на Хансен. Во шестата минута Бендтнер ја упати првата закана кон голот на Гачевски со глава но без посериозни возбудувања. Вардарци втората добра прилика ја имаа веќе во 16 минута, Хамбарџумјан одлично го пронајде Николов кој за жал од 15-сетина метри биеше високо над голот на домаќините. Во 25 минута Розенборг доби поклон од Вардар, Бендтнер беше фаулиран од Муслиу за најстрога казна, токму Бендтнер ја зеде топката и биеше прецизно за водство од 1:0. До крајот на првиот дел Вардар ја имаше топката во свој посед, се обидуваше да створи некоја добра шанса, но не успеваше.

fkv-rosenborgВо вториот дел Вардар прв се закани во 51 минута, Фелипе одлично додаде до Барсегјан кој биеше многу лошо од 12-сетина метри право во рацете на Хансен. Во 54 минута Вардар повторно се закани, овој пат Грнчаров со глава по нафрлена топка од Блажевски беше изблокиран и заврши во корнер. И повторно Розенборг со една шанса дојде до нов гол, овој пат Конрадсен со одличен удар од 25 метри го донесе својот тим до 2:0. Новата грешка на Вардар домаќинот ја искористи, Хегенстад сам како дух од 7-8 метри погоди за убедливи 3:0. Во 75 минута Барсегјан со одличен удар од 25 метри, Хансен со парада исфрли во нов корнер за Вардар. Во 76 минута Стојчевски го замени Барсегјан, а Исени Николов. Во 81 минута Исени за малку не погоди, еден противнички играч од самата гол линија ја извади топката и спречи гол за Вардар. Во 85 минута и Марковиќ влезе на местото на Хамбарџмујан. Гоооол, Фелипе со феноменален лоб удар во 91 минута донесе гол за Вардар и намалување на 3:1. Со резултат 3:1 заврши натпреварот.

Комитите и на овој натпревар беа со Вардар, тие поминаа многу километри само за да го бодрат својот миленик.