Сениорската репрезентација на Македонија во рамки на квалификациите за Светското првенство во Русија кое ќе се одигра 2018 година вчера на Арената Филип втори одигра перфектен меч против големиот великан, репрезентацијата на Италија.
Иако во текот на натпреварот имавме контрола и водство во мечот со четирикратниот светски шампион , сепак, на крај повторно беше кобна таа 90+ минута, односно крајот на мечот. Нашиот играч, членот на фудбалскиот клуб Вардар младиот Стефан Спировски го одигра целиот натпревар за црвено-жолтите во дуелот со италјаните. После репрезентативните настапи тој ќе се приклучи на Вардар каде ќе се подготвува за градското дерби со ФК Слога кое на програмава е овој викенд.