Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Велимир Грујовски: Се повеќе се воигруваме и мислам дека на крајот од сезоната ќе ја постигнеме посакуваната цел
Велимир Грујовски: Се повеќе се воигруваме и мислам дека на крајот од сезоната ќе ја постигнеме посакуваната цел

Велимир Грујовски: Се повеќе се воигруваме и мислам дека на крајот од сезоната ќе ја постигнеме посакуваната цел

Пионерите на ракометниот клуб Вардар победија на гостувањето кај екипата на Шкупи и стигнаа до втората победа во лигата. Домашниот тим цело прво полувреме пружаше силен отпор, кога на одмор се замина само со еден гол предност за Вардарци. На стартот на второто полувреме, избраниците на Андријана Будимир успеваат да направат серија од четири последователни голови и да поведат со највисоки шест голови разлика. Ова беше клучниот период во нашата игра, после кој екипата на Шкупи немаше можност да се врати резултатски. Најефикасен играч во нашите редови беше Велимир Грујовски кој постигна 5 голови.

-Задоволен сум од прикажаната игра на мојата екипа и секако од победата. Ова беше незгодно гостување во Чаир, каде противникот цело прво полувреме пружи достоен отпор. Сепак во вториот дел дојде до израз нашата подобра игра, која доприносе за само неколку минути да се одлепиме на поголема разлика од екипата на Шкупи, која ни донесе мирна завршница. Се повеќе се воигруваме и мислам дека на крајот од сезоната ќе ја постигнеме посакуваната цел, изјави за нашиот сајт Велимир Грујовски.

Звонко Ивановски