Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Тодороски одигра цел натпревар против Гибралтар

Тодороски одигра цел натпревар против Гибралтар

Тодор Тодороски забележа нов настап за селекцијата на Македонија до 21 година која денеска забележа убедлива победа на тренинг комплексот „Петар Милошевски“ во Скопје со резултат 6:1 против Гибралтар.

Тодороски одигра одлично во високата победа и забележа една асистенција при петтиот гол дело на Митровски.

Македонија со овие три бода ги заврши квалификациите со скор од само две победи, едно реми и дури седум порази. Со освоени седум бода нашите надежи завршија како предпоследни.