По одличните партии во дресовите на Вардар, селекторот на Ерменија не можеше да ги изостави од почетниот тим двајцата црвено – црни играчи Тигран Барсегјан и Ховханес Хамбарџумјан.
И двајцата Вардарци на вчерашниот натпревар против Романија се најдоа во почетниот тим. Десниот бек на Вардар, Хамбарџумјан ги одигра сите 90. минути исто како и Барсегјан.
Селекцијата на Ерменија може да жали само од овој меч, Романија во 91. минута преку Максим дојде до предност и конечни 1:0. Од 54. минута ерменците играа со играч помалку поради црвен картон добиен на еден нивни играч.
Во понеделник Ерменија на домашен терен ја пречекува селекцијата на Данска.