Кадетките на ракометниот клуб Вардар, девојки родени “2002“ година се освојувачи на турнирот во Белград. Во конкуренција на 12 екипи, нашите млади надежи на крајот успеаа да го освојат првото место. На целокупниот турнир имавме пет победи и само еден нерешен резултат, додека во големото финале убедливо го совладавме тимот на Нови Београд, со резултат од 30:17. Така на најдобар можен начин започна новата сезона за оваа генерација, која се надева дека добрите игри ќе продолжат и во рамките на домашната лига. Дел од шампионската екипа на Вардар беше и Катерина Дамјаноска која за нашиот сајт ги споделува впечатоците од освоениот трофеј.
-Впечатоците од турнирот ни се одлични, задоволни сме од организацијата која не потфрли во ниту еден момент. Работевме доста напорно пред почетокот на турнирот затоа што знаевме дека нема да биде лесно. Презадоволни сме од постигнатиот успех и освоеното злато во Белград. Екипите не беа лесен предизвик, но беа одлична конкуренција за докажување која ни беше подготовка за новата сезона. Во секој натпревар влегувавме со голема самодоверба и се надевавме само на победа. Секако тоа го покажуваат и самите резултати. Јас лично сум презадоволна од исходот и од моите настапи, секако секогаш може подобро.
Во новата сезона оваа генерација предводена од Ристовска ќе се натпреварува во кадетска и младинска лига.
-Од нас како тим може да очекувате одлични натревари проследени со победи во новата сезона како во младинска така и во кадетска категорија. Но исто така сакам да се заблагодарам на тренерскиот тандем Драгана Ристова и Билјана Пецевска кои имаа голема доверба во нас и не подржуваа до самиот крај, како и Раул Гонзалез кој ни помогна во подготовките пред турнирот.