Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Ќеран од Вардар во Насаф

Ќеран од Вардар во Насаф

Српскиот напаѓач, 28 годишниот Драган Ќеран повеќе не е дел од ФК Вардар. По разделбата со ФК Вардар, Ќеран си пронајде нов клуб и кариерата ќе ја продолжи во Узбекистанската прва лига, во тимот на Насаф.

Ќеран во редовите на Вардар пристигна во зимскиот преоден рок од сезоната 2015/16, од тимот на Хајер. Ќеран за ”црвено – црниот” тим одигра точно 818 минути,  12 натпревари и постигна вкупно пет погодоци и тоа на: Ренова два, и по еден на Царев Двор, Металург и Силекс. Оваа сезона на местото на Ќеран задолжен за голови во тимот на Вардар ќе биде Џонатан Балотели.